Атанасовски не знае каде бил на „крвавиот четврток“

На предлог на Александар Василевски-Нинџа, на денешното судско рочиште за настаните од крвавиот четврток да сведочи беше донесен сега веќе притворениот, поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Во Основниот суд Скопје 1 тој беше донесен со лици на рацете директно од затворот кај Шуто Оризари.

На предлог на Александар Василевски-Нинџа, на денешното судско рочиште за настаните од крвавиот четврток да сведочи од притвор беше донесен и поранешен директор на УБК, Владимир Атанасовски. Во Основниот суд Скопје 1 тој беше донесен со лисици на рацете директно од затворот кај Шуто Оризари.

Атанасовски беше притворен пред 2 дена, откако тројца обвинетите за настаните во Собранието од ланскиот 27 април, во своја одбрана го посочија како еден од организаторите заедно со Александар Василевски-Нинџа. Вклученоста на поранешниот директор во настаните како организатор денеска ги кажа и самиот Василевски.

На прашањето, што му го постави адвокатот Звонко Давидовиќ, дали го познава обвинетиот  Александар Василевски-Нинџа, Атанасовски одговори:

– Го познавам Нинџа околу две и пол години од теретана. Го запознав пред да станам директор на УБК. А дали бил ангажиран или вработен во Службата, се повикувам на ЗКП на тајност на податоците. Прашајте во МВР, нека ви ги декласифицираат тие податоци – рече тој

Потоа прашања му постави судијката Добрила Кацарска. Таа го праша каде бил на 27 април 2017 година.

– На 27 април 2017 година околу 18 часот тргнавме на ракомет. Штом стигнавме пред сала, се случи тоа – рече Атанасовски

– Кај бевте после тоа, што се случи? – го потпраша Кацарска.

– Не знам кај бев и во колку саат кај бев. Обезбедувањето мое поточно знае – одговори Атанасовски.

– Господине Атанасовски, директор на УБК сте биле тогаш, не знаете кај сте биле за настаните на 27 април. Владо, ех моја чудесна Македонијо! – се сврте Кацарска зачудена кон обвинетиот актер Владо Јовановски, кој глумеше во промотивните спотови за Македонија со истата реплика.

Тој стана, ги рашири рацете и го гестикулираше неговиот познат настап, извикувајќи од место: „Ех, моја чудесна Македонијо!“, на што сите се изнасмејаа, а Атанасовски си продолжи во истиот стил, дека ништо не знае.

Атанасовски рече дека за влегувањето во Собрание видел од медиумите. На прашање на Кацарска, одговори дека од присутните во салата ги познава Крсто Мукоски, Митко Чавков, Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов и Игор Дурловски.

По ова Кацарска му се заблагодари. По кусиот исказ Кацарска им нареди на затворските чувари да го вратат Атанасовски во притвор. Истрагата за него продолжува.

По него сведочеше Владимир Петрушевски, пријател на Нинџа, кој го префрлил Нинџа со кола во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и го чекал додека бил на осмиот кат, среде паравоениот партиски штаб на чело со Митко Чавков, како што кажа претходно и Нинџа. Потврди и тој дека таму го видел поранешниот директорот на УБК, Владимир Атанасовски, кој само неколку минути пред тоа тврдеше дека тоа време бил тргнат за на ракомет, односно дека не се сеќава точно кај бил. Петрушевски ја потврди целата изјава на притворениот пријател.

На 27 април 2017 година бев на службен пат во Виена. Се слушнав со Александар, разговорот беше семеен, разговаравме за здравјето на нашата мајка – рече Благоја Василевски брат на обвинетиот Александар Василевски -Нинџа.

– Кога сум на пат имам зголемен број на активности и внимавам на тоа да не правам разговори по телефон. Примив порака од 17 до 19 часот од мојот брат и вратив на пораката – рече Василевски.

Братот на Нинџа, Благоја Василевски во Виена бил во својство на обезбедување на експремиерот Никола Груевски.