А кога Беса Арифи ќе почне да се препознава и „продава“ за тоа што е, а не за тоа не е?

Се грозам со која леснотија какви квалификации и епитети користи за дисквалификација, и на личностите, но и на аргументите, и тоа само за активирање сентименти „по асоцијација“, онака најмрзливо и најпозерски, без притоа ниту да се обиде да ги анализира сериозно и верно, пишува професорката Кристина Ристова-Астеруд на својот фејсбук профил во врска со колумната на професорката Беса Арифи.

Ја исчитав колумната на Беса Арифи, посветена, меѓу другото, и на мојата белешка (подолу на ѕидот). И, за разлика од неа што демек не жали нас (меѓу другите и мене, слободно можела по име да ме спомне), јас чувствувам грозење и гадење од нејзиното лажење и манипулации. Се грозам со која леснотија какви квалификации и епитети користи за дисквалификација, и на личностите, но и на аргументите, и тоа само за активирање сентименти „по асоцијација“, онака најмрзливо и најпозерски, без притоа ниту да се обиде да ги анализира сериозно и верно. Секако, скраја да понуди и некаква (правна!) контрааргументација, туку само некакво навраќање во минатото (со срамна селективност!), и пласирање некаков си набрзина сплескан и богусен футуризам за Македонија. И, секако, „предење ли предење“ за мултикултурализам, мултилингвизам, кој го поставува на бесрамно манипулативен и дефокусирачки начин кој нема врска со темата ЗУЈ, оној од типот дека нечија лична мултилингвалност со знак равенство со прашањето на службените јазици во една држава, пишува професорката Кристина Ристова-Астеруд на својот фејсбук профил во врска со колумната на професорката Беса Арифи со наслов „А штрајкот со глад кога ќе го почнат?“ која е објавена на порталот НоваТВ.

Најверојатно, по нејзин памет, сето ова се сите „вистински копчиња“ за стискање, а кои, патем, се многу трендовски во актуелната фразеологија на мрзливите ни позери. Не ја заборавила ниту позата на жртва и виктимизираност. Сето тоа, за интелектуална и морална уцена, како инструмент за заќутување, оти, нели, сите во Европа, па дури и овде, бегаат од тоа некој да не им залепи такви етикети и до бесвест ќе се бранат од нив, или, едноставно, подобро им е да си заќутат (да не почнам од кого и од каде е увезена таа тактика). А во суштина е тешка албанска националистка! Не е ништо од тоа за што се декларира! Тоа се гледа од:

1. Фактот што не ја адресира рамковната и уставната тиранија на малцинството, ефективно на нејзината етничка заедница, за што надолго и нашироко аргументирав во мојата белешка (превидот Бадинтеровото гласање во втор круг да се врзе со 2/3 гласање во прв круг). Напротив, се прави дека не разбира на што точно се однесува, а и го манипулира за други цели и во некој друг контекст на нејзиното писание. Беса Арифи, нели, од што е толку многу по меѓусебна почит и уважување, не гледа ама баш никакво проблем што ЗУЈ се донесе без минимум 50 отсто (да не бараме премногу, 51 отсто или нагоре) од парламентарно-политичкото преставништво на македонската етничка заедница во Собранието (оние де, што гласаат закони по Бадинтер само во прв круг). Обратното ни на сон, така?! Ова, додуша, како дел од бесрамниот хор на сите други „борци за права“ кои, ете, не гледаат проблем во тоа, а и во своите теории и филозофии за „правата не се пита“ во овој и ваков факт не гледаат апла побивање на тоа што го тврдат – одземаш/поништуваш права на други, нели оние што „ништо не губеле„ (дали правно, дали политички, секундарно), и тоа, баш истите на кои си инсистирал и инсистираш, и на тој начин чирибу-чириба воведуваш уште повеќе „права“ во корист на негаторот на тие права, односно на оние „што добивале, без да одземале туѓи права“! Па уште после продава пуфки дека тоа уствари било соживот, меѓусебна почит, уважување и што уште не. Acta non verba!

2. Фактот што и замера на друга професорка (Најчевска) дека решила таму да цепидлачи за 20 отсто (кои правно-релевантно можат да се утврдат само преку попис!), небаре тоа не е уставна категорија, патем претходно договорена во Рамковен. Секако, не ја адресира и „малата ситница“ како тоа „20 отсто“ станаа „20 отсто (албански)“? Тоа, за голема правничка како Беса не е прашање за правна анализа (а и било каква друга!).

3. Фактот дека во овој и ваков контекст си бамбори за некакво си „стекнато право“ (?!) , а не она што е релевантното по правото на земјата: нејзиниот устав, уставните амандмани од 2001, како и самиот Рамковен договор и сите негови придружни официјални материјали (што секој добар правник треба да знае дека е многу важен за секоја, особено правна, анализа и толкување на ЗУЈ). Ако јас сега се внесам во гатање на какво „стекнато право“ мисли, ќе го дешифрирам со: „сé што не успеавме на маса во рамковни преговори, ќе го тераме еве баш вака, недемократски и неуставно“ па и со уцени, па и со логика, тактика и динамика за кои пишував во белешката подолу. Демек, и да ти е тоа целта, тоа што го содржи ЗУЈ, не навлегувам сега во самата содржина и исправноста на тоа, немало и нема исправен начин за тоа, и правно, и политички, и од секој друг аспект, па и од аспектите за кои она „преде како маче“. Acta non verba!

4. Од фактот што кога бамбори, со исмевање, секако, за наводното разбирање на „правата како пита“ (демек тоа јас и некои други така, ваљда „триото професорки“ од кои едната академик), нели она, „додавање права за едни не значело одземање права за други“, патем ваљда собрано негде од по нетов од некоја кампања за индивидуални права по основ на пол/раса/сексуална ориентација итн. (не за колективни, уште помалку за службени јазици!), ама изгубено во преводот, и буквален и смисловен, воопшто не го адресира прашањето: дали, каде, колку и во кои инстанци Албанците ќе си ги финансираат овие „права“? Пропорционални ли се на нивниот влог во буџетот, со даноци, такси и други давачки? Па нели, кога тоа одговара, се вергла аргументот „плаќаме и ние, вакви-такви права треба“? Со години и децении, и тоа! По истата логика, можат ли, смеат ли воопшто сега Македонците да прашаат, оние де, што не беа вклучени во гласањето, оние минимумот 50 отсто исклучени и поништени, зошто и колку диспропорционално да плаќаат? Фер ли е тоа спрема нив? Каде е таа аргументација, каде е таа етничко-сензитивизирана анализа и „мејнстриминг“ на буџетот? Малку ли ќе бидат диспропорционални, многу ли ќе бидат? Кој е тој голем квалитативен „виш интерес“ што би ја оправдал диспропорцијата, а кој вака „неоргански“, недемократски, противправно и со (владини!) уцени се наметнува, притоа, сеедно кај која партија од т.н македонски блок? Ја „заболе“ ли Беса воопшто како сето тоа ќе влијае на правата на другите, на Македонците, па и на неалбанците во финансиска смисла, како финансирани права од буџет, како услуги што треба да ги добијат? Па и врз другите индивидуални и колективни права на Албанците? А и не ќе да е да влијанието да биде само вака, квантитативно, ќе има бајаги и квалитативно нарушување, индицирав примери и за тоа во Белешката, а ќе има и инстанци баш на изживување, што баш влегува во „тиранија на малцинство“. Наместо да преде и везе, да дефокусира со други работи и приказни, да лепи етикети, нека се позанимава со одговарање на овие прашања. Уште еднаш: 1.) Дали, каде, кога и во кои инстанци Албанците ќе ги финансираат овие, права и „права“, а колку, во кој обем и пропорција, другите тоа ќе треба тоа да го направат т.е „спонзорираат.“? 2.) Ако треба многу диспропорционално, како тоа ќе влијае на „питата“, дали и натаму ќе тврди дека тоа нема да влијае на други права, слободи и услуги кои се финансираат од буџетот?

5. Фактот дека глуми лудило за феноменот на „тиранија на малцинството“, ама, ете, четивото нејзино покажува дека многу и е близок и при срце феноменот на „тиранија на мнозинството“, до степен да го банализира со својата приземна, експлоатативна и манипулативна патетика. Дури ете, цел рекапитулар направила „за минатото“, кога македонското етничко мнозинство го тиранизирало малцинството (нејзиното етничко малцинство!), до хипербола нашминкано, чиниш те пренесува во Јужноафричка република од времето на борбата на Мандела, небаре се исто било, и право, и права, и уредување, и се другото. И тоа дури нема да замерам (субјективно доживување), арно ама, кога феноменот „тиранија на малцинството“ ја боде најдиректно во очи, во најформална, најрелевантна право-политичка смисла, она тоа не го гледа ниту чувствува, камоли да го признае како феномен. Ете, до толку нема самокритички капацитет, е до толку не е ич националистка!

6. Фактот дека во тоа потсетување на жртвите, ниту еден збор, ма зборченце, за жртвите на страната на другите, камоли жртвите на страна на Македонците? А имаше и жртви низ годините, на пример во 2001, не само воени и раселени, туку и жртви на воени злосторства и на злосторства против човештвото! Оние кои, спротивно на меѓународното хуманитарно право, ги „амнестиравме“ под притисок токму на албанскиот политички фактор, без збор осуда и оградување од речиси ниту еден Албанец или Албанка од некаква јавна релевантност, а не верувам дека и големата правничка Беса Арифи некогаш би ги осудила! Оти, по нејзината „книга на жртвите“ само Албанците се секогаш и сечии жртви, кога е обратно, „филозофијата“ е , извинете на изразот, „моето гомно не смрди!“ Е, до толку не е ниту националистка, ниту шовинистка, ниту фашизоидна, и што сé не, да не заборавив некој израз што го има употребено…

7. Фактот дека толку многу се внела во рекапитулација на минатото и гатање футуристичко, да малтене ја заборавила сегашноста! И тоа, онаа пост-рамковната! Таму каде ја спомнува, секако, ја „бои ли бои“ во идилични тонови, а реалноста е сосема друга! Со сé и во Тетово! Ало, Беса! Оди види по општините каде се Албанците мнозинство како им е на другите! Еве, почни од Чаир, во сред Скопје! Како е со соодветната и правична застапеност? (за во централната пишав нешто веќе, во белешката). Како функционира Бадинтер? Како е со „двојазичноста“ и „мултилингвалноста“, на пример, во називи на фирми, чисто од визуелното да почнеме? Како е со веб-страниците на единиците на локална самоуправа, имаат ли сите и на македонски, еве во Чаир дали може Македонците да се информираат нешто од веб-страницата на македонски? Дали Албанците таму и во тие средини сакаат да зборуваат на македонски кога ќе им се обратиш на македонски? Дали многумина воопшто и знаат и сакаат да научат, да го научат мнозинскиот јазик во земјата?

Дали сегде и секогаш се вее и државното знаме? Чуму тоа етнички знаменца по кабинетите на државните функционери од т.н. албански партии, а се на тие функции за сите граѓан(к)и, не само за Албанците, не само за „своите“ Алабанци-гласач(к)и? Чуму тоа што на зградата на ДУИ уште знамето на АСЕАН фали, само државното го нема/ше (може го закачиле во меѓувреме, не знам), а партијата регистрирана во МК, прима и пари од буџет за избори, итн.? Дали Албанците прославуваат само Денови на албанско знаме и азбука, или и државните празници, на независноста и Илинден, ама онака, како празници нивни и на нивната држава, онака при срце? Што зборуваат и мислат Албанците за Македонците, какви се епитети, искази, „планови„ и „желби“, не си видела по ФБ, не мора баш сите да се снимени тајно, а и кога е зад грб? Не ќе да е само Зијадин Села, така? Зошто не си искрена за тоа, кога веќе вадиш обратното? Која заедница има повеќе критична маса да се спротистави и да го критикува тоа, да го зачисти, море запредаши „ѓубрето во својот двор“ ? Албанската или македонската, во пропорционално смисла, секако? Милион примери други може, и сето тоа во пост-Рамковна Македонија, каде што не може да се вади аргументот „заради ова„ или „заради тоа„ (освен ако „заради ова„ е иредентистички, тие и секогаш имаат „аргумент“). Како тоа на прославата 15 години Рамковен прво беше ставен албанскиот, тоа од почит кон мнозинскиот и поголемиот јазик во државата да не беше? Од нагласени мултилингвални афинитети, ама под услов албанскиот да е прв, нема везе што во реалноста не е тоа?

Што кажуваа таа и таква acta non verba, каде лежат и кон што целат вистинските мислења, сентименти, ставови? А кога сме тргнале вака, може и некои блиски да си прашаш, како во парламентарни делегации во меѓународна соработка (билатерални или мултилатерални), каде и кога македонскиот јазик е единствениот службен јазик (замисли, дури ни ЗУЈ не го оспорува- засега!), не се користел „за инает“ , туку баш „за инает“ се користел англиски од страна на албански пратеници/пратенички ( па уште и водач(к)и на делегација!), а богами и албански (ако заради присуство на Албанија бил обезбеден превод од албански, на пример, на Јадранската трилатерала), и тоа, уште во 2002-2006! Ама, тоа бирање „што ми се допаѓа- што не ми се допаѓа„ од Рамковен и од Устав не е битно, така те учеа, нели? Другите мора да почитуваат се што ти е во прилог од Рамковен и устав, но не и обратното, така?

Што би рекле на англиски, cherrypicking -от е дозволен , дури и препорачан, ама само за Албанците, другите сите мора построени! Ептен (спротивно!) по сето она што го „преди„ Беса во текстот, а и зошто да не? Знае дека оние од кругот и типот на Нова ТВ ќе и аплаудираат, нема непријатните прашања по овој основ да ги покренуваат, а и за да докажат дека не се „националисти“, „албанофоби“ и „фашизодни“, што сé не (што побомбастично, тоа поуверливо за својата позиција, нели, ти нацист – јас во право мрза од пристап, и тоа преку грбот на милиони банализирани животи и жртви на историјата), македонската етничка заедница со пепел ќе ја посипаат, па и за сите овие горенаведени работи. И тоа, многу реципрочно, многу пропроционално, многу по исти вредности и стандарди, да немате сомневање во тоа! А во суштина ги инфатилизирааат Албанците, а со тоа и ги омаловажуваат во сиот нивен агенс и капацитетност ( и за добро, но и за лошо), е толку се напредни и гледаат на нив како на „рамни на себе„ .

Ама, ништо од ова, не е за муабет оти за тоа важи филозофијата „каде сме ние Албанците мнозинство – една приказна, каде сме малцинство – друга приказна! Така, Беса? „Дали сте ја слушнале Беса Арифи нешто, било што, од ова да го адресира, критикува, укажува како проблем? Дали го адресира албанскиот национализам, национал-шовинизам, па и, во некои кругови, албанскиот иредентизам? Е, дотолку и се вооедначени стандардите, критериумите, и се другото што преде. Е дотолку не е националистка и се другото што си реди како епитети и квалификации, ама применети на неа и по нејзини стандарди (не по мои!). И, секако, се е тоа дел од тој „пост-рамковен новоговор„ што го форсираат типови и типки како Беса и круговите од Нова ТВ, а по кој : 1.) Дозволено е само да го критикуваш македонското мнозинство, нема никакви посебни правила и граници, се што тоа збори и прави, тогаш не си „македонофоб„ „антимакедонец“, „шовинист“, но ако почнеш да ги критикуваш Албанците, што тие зборуваат и прават, па по апла исти консеквентни логики и критериуми, е тогаш си „албанофоб“, „антиалбанец“, „шовинист“; 2.) Аспирациите и интересите на Македонците се секогаш по дифолт „националистички“ или „националшовинистички“, и како такви нелегитимни ни за дебата, скраја друго, а на Албанците се секогаш „борба за права“ и легитимни, скраја било што друго.

8. Од фактот дека во сето навраќање на минатото и во својот футуризам, кога зборува за „смешките од стравови„ за федерализација, ако не и дезинтеграција на земјата, во случајов со јазична федерализација , па и со други феномени, Беса не е доволно доследна на науката и на професијата, па барем да укаже дека таквите работи не се случуваат нужно со некаков „биг-бенг“, туку може и да се подолг процес и тенденција. Па, ај, баш да видиме што ќе (по)каже времето, но засега не е баш во прилог на нејзиниот футуризам. Од приложеното, под седум адресирано во еден дел, силите се повеќе центрипетални, отколку центрифугални. И тоа, пост-рамковно!

Сé другото е лалабајки, шеќерна водичка, накитени фразички, а најмногу анестезирање на жртвата. И, да, кога Беса прави квалификации, не го адресира и не кажува ништо за аспектот дека федерализмот не е само некакво формално декларирано државно уредување/форма на држава, туку дека федералистичкиот принцип и логика се пошироки концепти, и истите се и те како релевантни во анализата на ЗУЈ, односно, дали има елементи и логика на тој концепт во законот, секако, во случајот, во смисла на јазично федерализирање на земјата (пишав и за тоа нешто во белешката). И, секако, и она ( а и многумина други) да прекинат со глупавите мешања баби и жаби меѓу мултилингвалност на индивидуа, режимите на јазични права и службени јазици во рамки на државите и, врвот, режими на службени јазици во мултилатерални меѓународни организации на државите.

9. Од фактот дека најодвратно, најсрамно и најприземно манипулира ( па дури и се осудува да имплицира еквиваленции!), со „аргументот“ „Евреи“, „Холокаусти“ и „Нинберзи“. Читам, читам, и си викам: сé, сé, ама ова бре?! Мислам, како не и е срам, ептен незгодно и крајно непријатно?! Треба сама од себе да се згади за ваквата банализација и манипулација! И, како воопшто се осудува, па уште спрема некои чии претци учествувале во таа борба? Но, кога веќе самата се намести, што се вели, самата си го бараше, а и кога веќе зборува за концепти за „стекнати права„, еве јас само да ја потсетам дека има и концепти на „стекнати/наследени петна од историјата„, онака, во нејзиното сопствено колективно и наследство, нели она, од која заедница, кој со кого шурувал и сојузувал, изразувал лојалности и симпатии, при што секако мислам на оние изведените во Нинберг!

Ама, и тоа е табу и за тоа ќе глумиме и амнестија и амнезија, и ќе правиме историска ревизија и минимизација по онаа нит лук јал, нит лук мирисал. Има и тазе петно на заедницата и од 2001, пишав под шест, со тоа што не се индивидуализира одговорноста, со тоа што заедницата не се дистанцира уверливо од индивидуалните злосторници во борбата на ОНА, нормално, уште повеќе и влегува во „сопственост.“ А колку и да глуми лудило, си има во заедницата и растечки проблем со антисемитизам, не баш автентичен и домороден, ами под влијание на идеолошки увоз, ни помалку, ни повеќе, блискоисточен, а во рамки на кој оние од Нинберг имаат статус на идоли и пример што треба да се следи (а ако сме ептен прецизни, историски гледано, ваквите преференции на Блиски исток се бајаги постари од тие од Нинберг).

И за тоа, секако, ќе се прави слепа, ни за тоа уста сигурно нема да отвори некогаш, како и за многу надоврзани феномени со тој! Така да, оди скриј се таму, не ти е срам?! Ти си меѓу последните што можат да зборуваат за национализми, шовизнизми, фашизоидност и сé што ти текнало по ред како „големи зборови,“ чиниш тие се за твоите стилистички егзибиции! Тие професорките за кои ти зборуваш имаат бајаги позади себе баш за спротивното од тоа што ги набедуваш! Ти, Беса Арифи, баш и не!