Бегал со автомобил од полицијата низ Скопје: Кога видоа што има во возилото, веднаш го приведоа

На 23.03.2019 година околу 19:10 часот од страна на полициски службеници кои извршувале редовни активности од областа на сообраќајот на улицата „Македонско Косовска Бригада“ и улицата „Босна и Херцеговина“ во Скопје, при издадена наредба за запирање на патничко моторно возило „Пасат караван“ со скопски регистерски таблици, возачот не запрел туку продолжил со движење.

Веднаш се преземени мерки и активности за негово запирање и на регионалниот пат Хиподром- Катланово во близина на Сточен пазар возилото било запрено.

Утврдено е дека возилото го управува Р.Б.(27) од Скопје и при преглед во возилото биле пронајдени околу три килограми марихуана.

Лицето било приведено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.