Бегова: Во судница нема новинари, а веќе 14 портали напишаа што изјавила обвинителката која во моментов ги чита завршните зборови

Адвокатката Анита Бегова која го застапува Драган Павловиќ Латас во случајот тревник на својот фејсбук профил напиша дека во моментов се даваат завршните зборови, а во судската сала нема ниту еден новинар, а веќе 14 портали напишале што изјавила и побарала обвинителката иако истата во судница сеуште ги чита завршните зборови

Во моментов во судница се даваат завршни зборови за Тревник. Во судската сала нема ниту еден новинар, а веќе 14 портали напишаа што изјавила и побрала обвинителката, а таа уште ги чита во судница завршните зборови. Ние уште не сме дојдени на ред, пишува, Анита Бегова на својот Фејсбук профил.

Понатаму во својот статус  адвокатката Бегова прашува дали ова е слобода на медиуми и владеење на правото и дали ова е независно и професионално новинарство.

Може ли да ја објавите пресудата пред да ја објави судот? Ова ли е слобода на медиуми и владеење на право? Ова ли е независно и професионално новинарство за кое го плукате Латас?, прашува адвокатката Бегова.

Во четврток во Кривичниот суд ќе биде соопштена пресудата за случајот „Тревник“ во кој обвинети се Драган Павловиќ Латас и неговите браќа.