Бејли: САД ја поздравуваат историската одлука во Собранието

Во пораката објавена на фејсбук - профилот на американската Амбасада во Скопје, Бејли вели дека кога процесот ќе заврши со ратификување од страна на Грција, овој Договор конечно ќе го реши спорот со името, што предолго ги спречувал граѓаните на Македонија да ги реализираат своите цели за членство во НАТО и во ЕУ.

Македонија донесе историска одлука. Вашето Собрание гласаше за да ги усвои уставните измени што се потребни за да се имплементира Договорот од Преспа со Грција. Соединетите Држави ја поздравуваат одлуката на вашите избрани претставници, порача амбасадорот Џеј Бејли во врска со изгласаните уставни измени во Парламентот.

Во пораката објавена на фејсбук – профилот на американската Амбасада во Скопје, Бејли вели дека кога процесот ќе заврши со ратификување од страна на Грција, овој Договор конечно ќе го реши спорот со името, што предолго ги спречувал граѓаните на Македонија да ги реализираат своите цели за членство во НАТО и во ЕУ.

– Ги поздравувам вашите лидери во Владата и во Собранието поради нивната визија, храброст и истрајност во барањето на решение и ставањето на долгорочните стратешки интереси на Македонија на прво место. Со нетрпение чекаме да и посакаме добредојде на Република Северна Македонија како 30. членка на НАТО и да го продолжиме нашето цврсто партнерство со вас во унапредувањето на стабилноста и просперитетот овде и во целиот регион, нагласи Бејли.