Бидете дел од новата рубрика на „Судство.мк“

Порталот Судство.мк свесен за состојбите во општеството, осоебно во правниот систем воведе нова рибрика „Научни трудови“ во која ќе бидат објавувани стручни и експертиски дела на сите чинители во правниот поредок на Република Македонија.

Почитувани читатели,|

Во недостаток на научни списанија  во Македонија, каде правниците од државава би објавувале свои стручни трудови, Порталот Судство.мк го отвара својот простор со воведување на нова рубрика „Научни трудови“ во која ќе бидат објавувани експертски трудови  на сите чинители во правниот поредок на Република Македонија.

Во интерес на збогатување на содржината на оваа рубрика, редакцијата е отворена за соработка со сите универзитетски професори по право, судии, обвинители, адвокати, правобранители, нотари, извршители, медијатори како и за магистранти и докторанти на правни студии во земјава и странство.

Вашите стручни трудови од областа на правото, кои би сакале да бидат објавени на нашиот портал можете да ги пратите во електронска форма со ваша фотографија на нашата адреса на електронска пошта info@sudstvo.mk