Бизнисменот Тодоровиќ заврши во затвор

Непосредно по слетувањето на авионот на хрватскиот аеродром, Ивица Тодориќ, поранешниот сопственик на „Агрокор“, е одведен во истражниот затвор во Реметинец. Во затворот му е врачено и судско решение за одредување истражен затвор, на кое има право на жалба.

Хрватското Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека во текот на вечерни часови полицијата го спровела 67-годишниот хрватски државјанин Ивица Тодориќ од Велика Британија во Република Хрватска, односно во надлежниот затвор“.

Станува збор за поранешниот сопственик на „Агрокор“ Ивица Тодориќ, против кого е покрената истрага поради „стекнување материјална корист“. Вчера вечер тој беше екстрадиран во Хрватска. Екстрадицијата се случи една година откако беше уапсен во Лондон, каде замина по избивањето на аферата „Агрокор“.
Непосредно по слетувањето на авионот на хрватскиот аеродром, Тодориќ е одведен во истражниот затвор во Реметинец. Во затворот му е врачено и судско решение за одредување истражен затвор, на кое има право на жалба.

Тодориќ замина во Лондон тврдејќи дека е изложен на политички прогон од хрватските власти.
Откако му беше потврдена одлуката за екстрадирање во Хрватска, тој изјави дека е „малку разочаран“, но дека е подготвен за натамошни битки.
Истрагата против Тодориќ беше покрената минатата година поради сомневање дека од „Агрокор“ „извлекол“ повеќе од милијарда куни (1 куна = 0,135 евра).