Блиндирано „БМВ“ спасило маж да биде убиен во Батинци

Тројцата на 22.10.2018 година во скопско Батинци сакале да убијат познаник кој работел во Германија. Додека оштетениот се движел по улицата со блиндирано патничко моторно возило „БМВ 750“ со германски таблички, тие пукале кон него со две автоматски пушки „калашников“ и со пиштол. Оштетениот застанал со возилото, а кога осомничените му се доближиле со оружјето во рацете, тој го ставил возилото во движење и избегал.

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело убиство.

„Немилиот настан, за кој е обвинет скопјанецот го извршил во соизвршителство со уште еден осомничен за кого истражната постапка е прекината затоа што тој е во бегство и по кого е распишана потерница, како и за уште едно непознато лице.

Тројцата на 22.10.2018 година во скопско Батинци сакале да убијат познаник кој работел во Германија. Додека оштетениот се движел по улицата со блиндирано патничко моторно возило „БМВ 750“ со германски таблички, тие пукале кон него со две автоматски пушки „калашников“ и со пиштол. Оштетениот застанал со возилото, а кога осомничените му се доближиле со оружјето во рацете, тој го ставил возилото во движење и избегал.

Ценејќи дека се уште постојат основите заради кои на обвинетиот првично му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на оваа мерка“ тврди ОЈО.