Богдан Илиевски: Рекетарскиот процес за 27 април допрва ќе доживее правда

“Шведска одби екстрадиција на обвинетиот за 27 април Дејан Давидовски.
Според шведскиот суд Давидовски е гонет и би бил суден во политички а не криминален процес, и дека не постојат доволно докази за дело тероризам и за овој предмет не се води фер и законски постапка”

Му препорачале да побара и азил во Шведска.

Како рековме – вистината е како шило. Кога тогаш, излегува на површина. Катичи тредичи ќе ви потврди.

Рекетарскиот процес за 27 април допрва ќе доживее правда. Не затоа што јас или ти така сакаме, туку затоа што тоа се Божјите закони кои корумпирани чинители во правниот систем не може да ги тумачат по свое.

Вака еден од оние кои беа обвинети за случувањата во Собранието на 27 април, Богдан Илиевски, ја коментира одлулата на судот во Шведска да не го екстрадира Дејан Давидовски.