Боки му се фали на Орце: УТРЕ СЕ ГЛЕДАМ СО ЗАЕВ, знам јас што зборува он, знам што сум зборувал со него за тебе (ВИДЕО)

Во третото продолжение од разговорите меѓу Боки 13, Катица Јанева и Орце Камчев кои денеска ги објавува Ла Верита, најпрво зборуваат Орце и Боки, а Катица е на телефон. Таа го уверува Орце дека Лиле Стефанова не треба да го загрижува, бидејќи не може да стори ништо без неа. Во вориот разговор Катица му гарантира на Орце дека поканите се за шминка во април, а не за осомничување лица.

Потоа следува разговор во кој Боки му се фали на Орце со премиерот Зоран Заев.

– Знаеш дека утре се гледам со него?

– Со кого?

– Со Зоки

– Со Зоки?

– Со Заев.

– Добро, зборувај па ќе ми кажеш…

– Знам јас што зборува он, знам што сум зборувал со него за тебе, работи што не ги знае никој

– Добро шефе