Бугарки краделе кај ќе стигнат

Според информациите на МВР, вчера  во 12.40 часот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ во полициската станица Гостивар приведени се Н.Н.М.(49), М.Г.М.(47)  и К.Д.Г.(39), сите од Република Бугарија. 

Три Бугарки се уапсени од гостиварската полиција поради кражба. Според информациите на МВР, вчера  во 12.40 часот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ во полициската станица Гостивар приведени се Н.Н.М.(49), М.Г.М.(47)  и К.Д.Г.(39), сите од Република Бугарија. На 6. јануари-Бадник, биле приведени на булеварот „Партизански одреди” кои се сомничат за кражби, веќе следниот ден на Божиќ, полицијата приведе уште две Бугарки.

На 7 јануари пак, околу 19 часот на улица „Манапо“, во близина трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“ МВР ги уапси М.В.М. и Н.С., двете од Република Бугарија.