Видео од апсењето на Џулијан Асанж во Лондон

Откако Еквадорскиот претседател Ленин Морено објави дека на Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж му се укинува дипломатскиот азил поради неколкукратно кршење на меѓународните конвенции истиот денеска е уапсен од амбасадата на Еквадор во Лондон.

Оваа информација ја потврди и полицијата на Велика Британија. Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон престојуваше седум години.

„Викиликс“ претхдно го обвини Еквадор дека незаконски го поништил азилот на Асанж во амбасадата.

Асанж беше уапсен од страна на полициските служби од Лондон врз основа на налог од 2012 година за непојавување на суд.

47-годишниот Асанж беше баран и од САД, каде што Министерството за правда има покренато обвиненија против него за објавување тајни документи.