Полицијата спречи протест пред домот на пратеничката Емилија Александрова

Собирно место за учесниците беше Собранието, а потоа поворката се упати кон домот на Александрова.

Дваесетина граѓани и претставници на движењето „Македонија блокира“ направија обид да се соберат пред домот на пратеничката Емилија Александрова, која, како што велат, е една од 8-те пребегани и уценети пратеници.

Во соседството каде што живее Александрова можеше да се забележи силно полициско присуство, па организаторите не успеаја во намерата да ѝ го предадат писмото, во кое, како што рекоа, се образложени причините зошто таа не треба да гласа за уставните измени.

Сепак, претставници на „Македонија блокира“ одржаа говор на разглас, кој останатите присутни го проследија држејќи свеќи во рацете.

Собирно место за учесниците беше Собранието, а потоа поворката се упати кон домот на Александрова.

Претходно, „Македонија блокира“ слични настани организираше и пред домовите на други пратеници од опозицијата кои ги поддржаа уставните промени.