Возачот повреден откако тракторот сам се придвижил

Во еден момент тракторот сам се придвижил, при што Н.Б. се здобил со тешки телесни повреди.

Во Демир Капија, вчера е пријавено е дека во близина на „Прждевски споменик“, Н.Б. (41), од село Могорче, дебарско, додека товарал вреќи со жито во трактор „ИМТ 539“ со дебарски регистарски ознаки сопственост на Џ.Б. (45) од истото село, во еден момент тракторот сам се придвижил, при што Н.Б. се здобил со тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.