Возило излетало од пат, загина 15-годишно девојче

На местото на настанот починала сопатничка на возраст од 15 години. Возачот и другата сопатничка Н.С.(20) со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица за укажување на лекарска помош.

Утринава околу 4:30 часот во полиција било пријавено дека на излез од Струмица кон село Дабиле, патничко моторно возило „фолксваген кеди“ со струмички регистерски таблици, управувано од Ф.С.(21) од с.Радово, струмичко, излетало од патот.

На местото на настанот починала сопатничка на возраст од 15 години.

Возачот и другата сопатничка Н.С.(20) со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот се врши од страна на увидна екипа од СВР Струмица.