Воз удри во трактор во скопско Кондово

На 20.04.2019 година во 17.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека помеѓу стојалиштето Кондово и стојалиштето Сулари, во близина на објектот на ЈП-Водовод-Скопје, на отворена пруга, патнички воз, кој сообраќал на релација Скопје-Кичево, удрил во трактор кој бил оставен на пругата. Повредени лица нема. Извршен бил увид на местото на настанот.