Во близина на Штип пронајдена рачна граната

На 20.04.2019 година во 18.35 часот во СВР Штип било пријавено дека во атарот на село Калапетровци, штипско, била пронајдена рачна граната. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата за понатамошна постапка.