Во обвинението Рускоска би навела: Кај МАМА по кеш наминал еден пратеник, па по него еден полицаец, па по него…

Новинарот Саше Димовски, кој со години ги следи случувањата во правосудната сфера, во текст за Сведок претпоставува што ќе се случува во случајот Рекет.

Димовски вели дека неговите информации се потпираат врз претпоставки и анализа, што го оневозможува ЈО да го гони за поседување и објавување на тајни документи и информации од постапката.

Тој во текстот пишува за локатор во торбата Луј Витон со еден милион евра, за правецот на движење на рекетарите кој го даваат базните станици, за профилот на луѓето што земале од парите земени со рекет:

Против Боки Тредичи, сињора Катица и нивниот носач на торби, Зоки Кичевскиот до 10 октомври ќе биде поднесено обвинение, за да може судот на 14 октомври, ден пред истекот на 90 дена од притворот, да одлучува за ново продолжување кај Тредичи.

Благодарение на италијанскиот весник Ла верита, дознавме што има ново во Македонија, каде што работите според обвинението се движеле вака: откако Боки и неговиот пријател – носач на торби Зоран Кическиот, како коледари видно од снимките, се упатуваат каде, ако не дома кај МАМА! која друга личност би била посоодветна за чување на парите! Госпожата мама, која Кирацо не ја познава ама ја стави во Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер, да речеме дека ги прибрала парите во домот во Карпош, заедно со ташничката Луј Витонче, во која, како што „се зборува низ чаршијата“ имало локаторче.

Во обвинението, обвинителката Рускоска би навела: „независно што учев со мајката на Тредичи, ги презедов сите дејствија и открив според локацијата на базната станица дека кај МАМА по оставање на торбата со кеш наминал еден пратеник, па по него еден полицаец, па по него….и се така, додека имало планиран кеш за поделба!

Зошто не е под истрага госпоѓата МАМА е ирелевантно за овој кривично правен настан, како што е ирелевантно, кој од спомнативе колку пари зел, бидејќи како што кажа и јавниот Љ.Јовески – политичари сигурно нема!, пишува иронично Димовски за предметот за кој целата јавност претпоставува дека е обид да се лимитира политичката штета за партијата чии претставници имаат стотици фотографии си Боки 13.

Целиот текст на Димовски на овој линк