Во сообраќајка кај Подмоље почина мопедист

Од здобиените повреди на местото починал возачот на мопедот Г.Б., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

На магистралниот пат село Подмоље, Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен ксара“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(21) од село Црвици, кичевско и мопед „АПН 4“ без регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(40) од село Мешеишта, општина Дебарца.

Од здобиените повреди на местото починал возачот на мопедот Г.Б., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.