Во судот сè уште трае распитот за тројцата ексминистри, за Димовски одложен за следната недела

Во судот сеуште трае распитот за уапсените ексминистри и заменици Ацо Спасеновски, Михаил Цветков и Кристијан Делев.

За едниот од осомничените поради здравсвена состојба наместо притвор, се бара куќен притвор, а за останатите двајца барањето останува непроменето, посочува обвинителката Вилма Русковска.

Заради имунитетот на осомничениот актуелн пратеник Љупчо Димовски испратено е барање до Комисијата за мандатно-имунитени прашања во Собранието, која треба да одлучи дали ќе му го одземе мандатот или не за подоцна да може судот да постапува и за него распитот е одложен за наредната недела.