Во товарен воз пронајдени 20 мигранти од Пакистан, Авганистан и Иран

На 19.06.2019 година во 00.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во товарен воз на железничката станица во Миравци се наоѓале мигранти. Полициски службеници излегле на местото и утврдиле дека се работи за околу 20 мигранти од Пакистан, Авганистан и Иран, при што ги симнале од возот. Откако тргнал возот, двајца од мигрантите повторно се качиле по што S.A(21) од Пакистан се доближил до електричниот вод и се здобил повреди од струен удар. Со возило на Итна медицинска помош, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се работи на расчистување на случајот.