Героски го прозива Заев: Какво е тоа менаџирање на истрагите

Во третата серија разговори за аферата „Рекет“, што ги открива „Ла верита“, Боки Тредичи на Орце Камчев му кажува дека ќе се види со премиерот Зоран Заев и му дообјаснува, пишува Бранко Героски од Плус Инфо:

Знам јас што збори он, знам што сум зборел со него за тебе, што не знае никој.

Бреееееј!

Ако добро разбирам – а не сфаќам како поинаку може да се разбере – сега осомничениот Бојан Јовановски вели дека зборувал со Заев за Орче Камчев нешто „што никој не знае“.

Освен тоа, Боки Тредичи на Камчев му вели:

Една позитивна работа што јас не ја соопштувам сега. Менаџирањето околу Заев и целата таа игра. Јас таа конструкција веќе ја имам смислено, направено.

Премиере Заев, за разлика од тебе – кој, како што гледаме, еве фино друштво си фатил – јас ни со овој Боки, ни со Катица, ни со Камчев, а секако ни со тебе, не сум разговарал за никаква „конструкција“ или „менаџирање“ од ваков тип. Но љубопитен сум, како и целата македонска јавност.

Македонија има право да знае, друже Зоки, за што зборува другарчето Боки Тредичи. Тебе те спомнува.