Гинекологот Дамчевски доби отказ во Бугарија

Од Медицинскиот центар „Мајчин дом“, за НОВА потврдија дека Дамчевски повеќе не работи таму откако било интервенирано од страна на Министерството за здравство на Бугарија.

Гинекологот Никола Дамчевски, кој наместо да ја издржи казната-затвор во траење од две години, пресуда која е извршна им избега на македонските правосудни органи и слободно работи како гинеколог во државниот Медицински центар „Мајчин дом“ во Софија. Оваа информација е топ тема во бугарските медиуми.

Од Медицинскиот центар „Мајчин дом“, за НОВА потврдија дека Дамчевски повеќе не работи таму откако било интервенирано од страна на Министерството за здравство на Бугарија.

– Тој не работи веќе тука и во моментот се испитува случајот. Дамчевски беше вработен со граѓански договор (договор на дело), а не со решение за стален работен однос. Но, Дамчевски е бугарски државјанин, не направил престап во Бугарија и по тој основ немало пречка да биде вработен и да стане член на Лекарскиот сојуз на Бугарија, изјавија за НОВА од службата за односи со јавноста na Медицинскиот центар „Мајчин дом“

Од таму најавија и пошироко соопштение за јавноста поради големиот притисок и барање одговор од медиумите.

Дамчевски од денеска е избришан од веб страна на Медицинскиот центар „Мајчин дом“ во Софија. Осудениот гинеколог го нема повеќе меѓу лекарите-специјалисти кај кои може да се закаже терми, а кога ќе отворите на линкот не се појавува неговата фотографија заедно со биографијата.

Во меѓувреме од Лекарската комора на Р.М. информираа дека ќе пратат официјален допис до Лекарскиот сојуз на Бугарија и дека се изненадени што гинекологот Николче Дамчевски е вработен во Медицинскиот центар „Мајчин дом“, со оглед на тоа дека има извршна пресуда со казна затвор од две години и забрана за вршење на дејност во траење од 8 години.