Горан Заев: Николоски не докажа дека Вице Заев е главен бизнис фактор во државата

Во Основен суд 1 во Скопје на главна расправа за случајот Вице Заев против Александар Николоски за наводна клевета, се преслушува изјавата на Николоски дадена во емисијата на „Отворено студио” на 1ТВ.

Станува збор за изјава во која Николоски во телефонски разговор со новинарот, кажува дека брат му на премиерот Зоран Заев, Вице Заев станал главен бизнис фактор во државата.

Во судницата повторно не дојде тужителот Вице Заев, туку само неговиот адвокат.

Судијката Кети Германова на денешното судење ги изведе доказите, меѓу кои и снимката од спорната изјава, а беа изнесени завршните зборови.

Адвокатот на Вице Заев истакна дека со доказите се покажува дека Николоски со клевета ја компромитира личноста на Вице Заев .

“Слободата на изразување сепак во определени услови може да биде санкционирана и ограничена, во случај кога со слободното изразување се нарушува на угледот и правата на другите”, рече адвокатот на Вице Заев и појасни дека со изјавата му се нарушени честа и угледот“, истакна Горан Заев.

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски во своите завршни зборови кажа дека должност на опозицијата е да отвора прашања во јавноста со цел јавноста да врши надзор и критика над работењето на власта.

“Изјавата е дадена со цел да даде критика на власта предводена од СДСМ и е насочена кон работата на Владата и за големиот број афери кои постојано излегуваат во јавноста”, рече Николоски. Тој пред судот рече: “Немав намера да го навредам тужителот. Делот со наместени тендери е изваден од контекст и не се однесува на тужителот, туку на работата на Владата”.