Граната од Првата светска војна пронајдена вчера во битолско

На 10.02.2019 година околу 12.00 часот во атарот на село Крклино, битолско, односно на парцела лоцирана на локалниот пат помеѓу село Крклино и село Горно Оризари, била пронајдена артилериска граната калибар 75 мм од Прва светска војна.

Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата за понатамошна постапка.