Граѓаните кои ќе аплицираат на огласот на МВР да поднесат барање и да обезбедат потврда

Основниот кривичен суд – Скопје соопшти дека сите граѓани родени на територија на град Скопје кои ќе аплицираат на огласот на Министерството за внатрешни работи за 600 полицајци, треба навреме да поднесат барање и да обезбедат потврда дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност, која е неопходна за аплицирање на огласот.

Од Основниот кривичен суд наведуваат дека за добивање на наведената потврда, потребно е секој граѓанин или друго лице со негово полномошно заверено на нотар или адвокатско полномошно да поднесе барање на шалтерот за потврди/уверенија, што се наоѓа во старата зграда на судот, заедно со лична карта на граѓанинот или патна исправа и копија од истата и да уплати 320 денари – буџетска такса со картичка на пос – терминал или уплатница.

Шалтерот работи секој работен ден од 8 часот до 14:30 часот со пауза од 11 часот до 11:30 часот, а потврдата се издава за три работни дена од денот на поднесување барање, наведуваат од Основниот кривичен суд.