Грчкото обвинителство води истрага за заканите до парламентарците да не гласаат за Договорот од Преспа

Според грчката агенција АНА, членот на регионалниот одбор на партијата Нова Демократија, Спирос Аврамакос побарал од луѓето на кои им ја пратил пораката да им се заканат на пратениците за да не го поддржат Договорот од Преспа, наведувајќи имиња и телефонски броеви на пратеници, за кои очекува дека ќе го поддржат Договорот.

Обвинителот на Врховниот суд во Грција нареди поведување кривична истрага поради пораките со закани до пратениците на десничарската партија Независни Грци.

Во тие пораки се повикуваат пратениците да не гласаат за Договорот од Преспа. Налогот за истрага е издаден откако два сајта објавија дека пратеници добицале заканувачки пораки, во кои од нив барале да не гласаат за Договорот од Преспа за промена на името Македонија, пренесува агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор од судот во Атина.

Целта на истрагата е да се утврди дали дошло до злоупотреба на личните податоци и поттикнување на престап .