Дали Панделевски искочил од притвор со помош на поткуп?

Судот ја укина мерката притвор и му го врати пасошот на Цветан Панделевски кој е обвинет во случајот на СЈО „Империја“. Како причина за оваа мерка се наведува потребното лекување на обвинетиот Панделевски во странство иако според веке објавени информации во медиумите станува збор за бенигна дијагноза.

Во случајот „Империја“ истрага се води за перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверители и во истиот обвинети се Цветан Панделевски и Јордан Камчев.

Доколку се земат во предвид видео бомбите од италијанскиот весник „La Verita“ во кој обвинетиот Јордан Камчев му дава поткуп на Боки 13 кој за возврат нуди помош околу случајот „Империја“, се јавува прашњето дали укинувањето на мерката притвор и вракањето на патната исправа на Панделевски исто така е резултат на поткуп со посредство на Боки 13?

За овој предмет во јавноста не се кажува дали имало пријава како за Јордан Камчев па во таа насока го прашуваме обвинителството што има превземено во врска со овој случај?

Исто така дополнителен сомнеж даваат фотографиите од неговиот син и снаа  кои постојано се присутни на настани во друштво на Боки 13 кој е еден од учесниците во ланецот на поткупување во врска со случаи кои ги води Специјалното Јавно Обвинителство и Катица Јанева.