Дали СЈО и КАТИЦА 30 дена по рокот примиле празни дискови без разговори како доказен материјал?

Материјалите од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година, СДСМ и Зоран Заев ги предадоа во Специјалното јавно обвинителство дури на 30 декември 2015 година, 30 дена подоцна од законски утврдениот рок од 10 до 30 ноември 2015 година! Записник за примопредавањето на материјалите од незаконското следење на комуникациите досега не е презентиран во ниту една постапка пред судовите и прашање е дали воопшто постои, пишува Република.мк

Поради ова, Светскиот македонски конгрес од јавниот обвинител побара против поранешните јавни обвинители во СЈО да поднесе обвинителен акт за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, самовластие и злосторничко здружување, и да предложи најстрога казна доживотен затвор, конфискација на личниот имот и имотот на членовите на нивните семејства, како и судска мерка забрана за вршење на должности во државната власт поради кривичните дела кои во времето додека биле носители на јавни функции ги сториле против државата и нацијата!

Кривична за Јанева и дванаесетте обвинители

27 септември 2019 година, Скопје, Македонија – Светскиот македонски конгрес (СМК) денес поднесе кривични пријави против поранешниот специјален јавен обвинител Катица Јанева и дванаесетте поранешни јавни обвинители од Специјалното јавно обвинителство Елизабета Јосифоска, Фатиме Фетаи, Стевчо Донев, Бурим Ристеми, Љубомир Лапе, Марија Горгева, Лејла Кадриу, Гаврил Бубевски, Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Лиле Стефанова за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, самовластие и злосторничко здружување, поради незаконска и недопуштена истрага и гонење врз основа на докази прибавени на незаконит начин кои во согласност со членот 12 од Законот за кривичната постапка не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука!

Кривичната пријава на СМК до сите обвинители на СЈО помина речиси без публицитет, а зборува многу за тоа дека политичките случувања во Република Македонија од првиот момент кога треба да профункционира СЈО се поставени на криви нозе. Со злоупотреба на службената должност, самовласно, незаконско нестручно и несовесно работење и злосторничко здружување, СЈО од основањето вршело незаконски истраги и поднесувало незаконски обвинителни акти до судовите, со незаконски стекнати докази, чие поседување, обработка, јавно објавување, располагање и користење во било какви постапки после 30 ноември 2015 година за сите, па и за СЈО е забрането!

Предавање празни кутии со фанфари

30 декември 2015 година

Да се вратиме на 2015 година. На 30 декември 2015 година СДСМ ги предава во СЈО доказите, а од нив единствено важни се хард дисковите, во присуство на медиуми. Заев, Манчевски, телохранители, наредени во шпалир си подаваат кутиите полни со „вистината за Македонија“.

Божемната „вистина за Македонија“ требаше да влезе во СЈО многу порано, откако на 15 септември за специјална јавна обвинителка беше избрана Катица Јанева. Но со разни изговори, од кој најзвучен беше оној дека апансас формираното СЈО не е сместено во соодветни простории и нема сеф за каде да ги чува аудиодоказите злато вредни, предавањето се одложуваше, па наместо да бидат предадени најдоцна 20 дена од донесувањето на Законот за заштита на приватноста, тие не беа предадени сѐ до 30 декември.

Закон за заштита на приватноста

Во Законот за заштита на приватноста, овој преклузивен рок е предвиден во функција, токму на заштитата на приватноста на граѓаните на Република Македонија, и потребата од итно предавање на материјалите од незаконито прислушување на разговорите од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година, од тој што ги поседувал на надлежен обвинител, во рок од 20 дена од стапувањето во сила на овој Закон.

Годината изминуваше, рокот за предавање на материјалите веќе беше пробиен, па под притисок на ВМРО-ДПМНЕ се одигра „големото предавање“ кутии хартии во кои наводно има транскрипти и три-четири хард диска на кои се сите снимки.

Катица и Заев на ручек во „Елиница“

Ако се точни информациите кои излегоа вчера во јавност, јасно е зошто судиите немаат одговор кога станува збор за законитоста на бомбите. Самиот факт дека бомбите се предадени 30 дена подоцна, ги прави ништовни, а со тоа сите случаи на СЈО паѓаат во вода.

Но, кога Јанева ги добила бомбите со кои подоцна ќе тргува и ќе уценува, како што се покажа со случајот „Рекет“? Благодарение на овие „страотно модофицирани“ бомби СЈО прерасна во злосторничко здружение за организиран криминал и висока корупција, кое преку владината инсталација Боки-13, изнудуваше пари од лица против кои СЈО води истрага. Да не заборавиме дека СЈО послужи за уцени и изнудување на глас од пратениците со цел ослободување од кривично гонење, за промена на името на државата и идентитетот на нацијата со уставни амандмани!

Според она што го пишуваше вчера на Фејсбук, каква всушност била заднината на целата приказна и зошто доцни предавањето на бомбите. Обемна и изискателна работа е во океанот разговори да се најдат соодветни, да се ислушаат, да се селектираат, да се едитираат и онаму каде што е потребно да се избришат „непотребните“ снимки, па „пречистениот“ материјал да ѝ се предаде на Катица Јанева. Со прости зборови на Заев му било потребно време за да ги избрише снимките кои го компромитираат него, а кај дел од снимките за „непротијателите“ да изврши модифицирање, или пак целосно да ги отстрани.

Според истите информации кои излегоа на социјалните мрежи меѓу Заев и Јанева постоел договор од претходно, за да купи време да ја заврши работата, пред камери тој да ѝ предаде празни хард-дискови, а таа да молчи за неговата тајна. Според тоа, „страотоно модифицираните и компромитирани“ докази, за кои зборува Верушевски во својот исказ даден на 23 септември на рочиштето за „Таргет – Тврдина“ во својство на сведок, всушност Заев ѝ ги предал на Јанева на ручек во ресторанот во неговата семејна фабрика за керамиди „Еленица“ во Струмица 15-20 подоцна.

Извор: Република.мк