Дал Груевски ќе оди во „Шутка” ќе се знае за максимални 72 часа

Од судот велат дека Советот може одлуката да ја донесе во текот на денешниот ден односно во текот на следните 48 часа.

Кривичниот Совет на скопска единица има три дена, заедно со денешниот ден, да одлучи дали ќе го прифати или не барањето на осудениот Никола Груевски за одложување на казната на затвор во време траење од две години која му ја изречена за случајот „Тенк“.

Од судот велат дека Советот може одлуката да ја донесе во текот на денешниот ден односно во текот на следните 48 часа.

Со поднесување на жалбата од страна на адвокатскиот тим на Никола Груевски согласно законот автоматски се одложува извршувањето на казната во зависност од времето кое му е потребно на Советот да ја донесе одлуката.

Оваа законска можност Груевски ја има согласно Член 91 од Законот за извршување на сакции.