Дилер од Кичево падна во рацете на полицијата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(21) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.05.2018 година во Кичево полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.