Доктор измамник: ОПЛОДИЛ еден куп жени!

Јан Карбат, лекар и поранешен директор на банка за сперма во Холандија, е осомничен дека повеќепати ја користел сопствената сперма наместо онаа од избраниот донор. Всушност ова го докажуваат и резултатите од ДНК тестовите кои покажуваат дека е татко на 49 деца. Карбат ја користел сопствената сперма за да оплодува жени, без нивна согласност. Докторот, кој починал во 2017 година, со години им тврдел на пациентите во својата клиника дека користи сперма од анонимни донатори.

Скандалот избувна во февруари кога судот, и покрај противењето на неговата вдовица, одлучи да земе примероци од ДНК од облеката на Карбат по искажаните сомневања на неколку родители кои ги користеле услугите на банката за сперма.

Карбат (89) пред смртта признал дека има околу 60 деца додека работел во банката за сперма, која во 2009 година била затворена поради сомнителното работење.

Децата кои се сомневале дека им е биолошки татко поднеле кривична пријава за да се утврди точното татковство.