Еве го написмено судот од Шведска! Прогонот е политички, а медиумите на СДСМ пак лажат! (ФОТО)

Порталот ВЕЧЕР на 11 август прв објави дека судот во Шведска пресудил по барањето за екстрадиција, испорака, на Македонецот Дејан Давидовски кој е еден од лицата што е гонето за влез во Собранието на 27.04.2017 година и барано по интерпол за во Македонија да му се суди – за тероризам.

Шведскиот суд пресуди дека нема основ за испорака на Дејан Давидовски во Македонија затоа што делото за кое е гонет според шведските закони – не е тероризам, и дека постапката на македонскто обвинителство и судовите ја сметаат за политички мотивирана. Ова е трет случај европски суд да пресуди политички прогон од страна на македонско обвинителство и суд бидејќи тоа, освен судот во Шведска го сторија и судовите во Унгарија (Никола Груевски) и Грција (Горан Грујевски и Никола Бошковски). Со ова сериозно се поткопува угледот и работењето на мекдоснкиот обвинителски и судски систем, а Македонија станува земја со дефиниран политички прогон пред судовите.

Кога порталот ВЕЧЕР ја објави веста на 11 август медиумите под контрола на СДСМ како порталот и весникот Независен, Канал 5, Цивилмедиа, 360 степени, Ф2Н2.мк… објавија дека веста не е точна, дека е лажна вест и дури се повикуваа на анонимни извори од шведската амбасада дека судот не одлучувал по овој предмет. Но, фактите ја демантираат пропагандата на СДСМ преку медиумите под контрола на таа партија.

Еве ги документите, оригиналот е преведен од овластен судски преведувач и сега е достапен за нашата јавност. Извинување од медиумите на СДСМ не очекуваме.