Еве како доаѓа кокаинот од Колумбија: 745 килограми скриени во ананас

Кокаинот бил откриен во заедничка акција на португалската и шпанската полиција

Скоро еден тон кокаин од Колумбија наменет европскиот пазар бил запленет минатата недела во заедничка акција на португалската и шпанската полиција. Кокаинот бил запечатен во жолт восок, а потоа сокриен во ананаси кои претходно биле испразнети одвнатре. Покрај 745 колограми кокаин, во полициската акција била запленета и лабораторија за доработка на кокаин во близина на Мадрид, 400.000 евра и друг криминален материјал.