Европскиот суд за човекови права во Стразбур има нов претседател

Европскиот суд за човекови права во Стразбур доби нов претседател од  1 ноември 2015 година па се до сега функцијата претседател ја извршуваше Гвидо Рајмонди од Италија, а за негов наследник е избран Линос Александар Сицилијанос  од Грција.

Сицилијанос  функцијата претседател ќе започне да ја извршува од 5 мај 2019 година. Тој претходно беше судија во европскиот суд за човекови права, а од мај 2017 година ја извршуваше функцијата потпретседател на Судот.