ЕЛ ЧЕКА ДО ФАТИМЕ ФЕТАИ: Не си ништо поразлична од Катица, таа рекетираше преку Боки13, а ти директно!

Кичевецот познат под псевдонимот Ел Чека преку своите Фејсбук статуси ја повикува обвинителката Фатиме Фетаи. Бидејќи молчи за доказите кои рече дека ќе ги презентира за „Монструм“, Ел Чека прашува зошто тоа го нема направено и ја споредува со Катица Јанева која е третоосомничена во „Рекет“.

„Фатиме Фетаи како што помина август, помина и 5-ти септември, вети за МОНСТРУМ нели? Каде си мори Фато? Не не си ништо поразлична од Катица, таа рекетираше преку Боки13, а ти директно! Чантата повторно ти се наполнила“, пишува тој!

Во друг статус, Ел Чека вчера анализира:

„Денес е 5-ти септември! Пропадна и второто ветување дадено од самата Фатиме Фетаи и СЈО на Боки 13! Кој треба да сноси одговорност за неоткривање на вистината од која страдаат Албанците, зошто треба да бидат осудени невини луѓе без да сториле прекршување на законот а не па убиство, што ни требаат празни ветувања од луѓе како Фата, на која секогаш кога и се нудат чанти се одложуваат рочиштата. Фато доколку сакаш би можел да бидам сведок во твојот судски процес за парите што ги зеде од другарот на Али, побарај и ќе те потсетам на средбите со претседателот на судот и судиите што ги имаше тој ден во Кичево“-напиша тој!