Етнички пир околу Алмир

За жал, некои постапки драматично ја злоупотребија трагедијата на Алмир, и ја мултиплицираа комплексноста на овој случај, во насока која нема никаква врска со заложбите да се задоволи правдата, туку таа да се стави во други погони.

Автор Катерина Блажевска

 

Верувам, не постои човек што не жали за малиот Алмир. Во сликата на малото насмеано детенце, штотуку зачекорено во животот, ги гледаме сите наши деца, такви какви што се: мали, невини, морално неизвалкани, неконтамирани од дневно-политички, етнички и други домашни вируси што ќе ги демнат зад секој агол тогаш кога нема да бидат толку мали.

За жал, некои постапки драматично ја злоупотребија трагедијата на Алмир, и ја мултиплицираа комплексноста на овој случај, во насока која нема никаква врска со заложбите да се задоволи правдата, туку таа да се стави во други погони. Целиот предмет е изместен од правното тежиштето и префрлен на многу опасен терен, со доминантно етнички пристап во анализата на судската одлука и обвинителската квалификацијата за делото.

Тоа се случува и во судницата и надвор од неа. Асмир Алиспахиќ, адвокатот на семејството Алиу, крајно неодговорно фрли пред јавноста една многу опасна изјава: „Имаме сериозен проблем во правораздавањето кога станува збор за лица од албанска етничка припадност“.

Тоа е играње со оган, на терен кој нема голема имунолошка отпорност за ваков вид хушкачки игри. Имаше бројни протести почнати со благородна цел, но во крајниот ефект како доминантна се покажа желбата правдата да биде одредена како што ќе каже улицата. Таму веќе беше пресудено кој по вторпат го убил Алмир, кој по третпат.

Правото не се раководи од тоа кој ќе биде најгласен на улицата или во судницата, кој ќе организира повеќе протести, кој ќе донесе повеќе кадифени мечиња, или ќе  кој ќе нацрта поголема дупка од куршум на челото на јавниот обвинител. Последново, особено загрижува, бидејќи укажува на филозофијата и начинот на кои борците за правда би делеле „поеднаква“ правда. Целата колумна може да се прочита на призма.мк