Жители од Ѓорче Петров и Карпош каснати од кучиња скитници

На 21.05.2019 година во 13:30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.С.(62) од Скопје пријавил дека истиот ден на ул.„Борис Сарафов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

На 21.05.2019 година во 23:00 часот во Полициската стница Карпош, С.П.(73) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17:30 часот на ул.„Шекспирова“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.