Загина возач кај струмичко Ново Село

Патничко возило „опел корса“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Р.(37) од село Еднокуќево, струмичко излетало надвор од патот и се превртело. 

Загина возач во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 21.50 часот на магистралниот пат Струмица — село Ново Село, поточно на влезот во село Босилово. Патничко возило „опел корса“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Р.(37) од село Еднокуќево, струмичко излетало надвор од патот и се превртело. Во незгодата на местото на настанот починал М.Р, информираат од полицијата.