ЗАЕВ АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВА НЕАВТЕНТИЧНИ РАЗГОВОРИ: Верушевски не кажал ништо спротивно на фактичката состојба!

Премиерот Заев во интервју за Гласот на Америка вели дека од првото сведочење на неговиот советник, поранешниот директор на тајната полиција Зоран Верушевски не може да се изведе финален заклучок, а од натамошните рочишта на виделина ќе излезе сета вистина за прислушувањето.

Тој смета дека Верушевски не кажал ништо спротивно на фактичката состојба, а во однос на модификацијата и манипулацијата на „бомбите“, Заев укажува дека никој не ја оспорил нивната автентичност, која дополнително била потврдена со форензилко испитување направено во кредибилна меѓународна институција за вештачење.

Треба да оставиме второто рочиште да ги каже вистините за ова прашање. Тој во својата разочараност за ова што се случи во Специјалното обвинителство, конвергира на ваквите зборови и употреба. Секако, автентичноста на разговорите никој ја нема оспорено од сите обвинети лица во судот. Форензиката ги потврди разговорите и, прво, да нема дилема за никој во функција на тоа. И, втората дилема, којашто се јавува овде, како тоа господата Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски дале информација дека материјалите се предадени на Верушевски, а Верушевски вели, на Социјал демократскиот сојуз, вистината е иста. Тие се предадени на Социјал демократскиот сојуз, но задолжено лице во СДСМ е шефот на Комисијата за безбедносни политики на СДСМ, Зоран Верушевски. Така што, тој го гледа повеќе формалниот аспект. Да оставиме вториот дел, на 10 октомври, кога е продолжението на испрашувањето на господинот Верушевски во својство на сведок, да биде сè јасно за граѓаните и за државата – изјави Заев во интервјуто за Гласот на Америка.