ЗАЕВ ИМА АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ НА НЕАВТЕНТИЧНИ РАЗГОВОРИ (ВИДЕО)

Премиерот, Зоран Заев на денешната прес-конференција за реформата за укинување на квотите за лекови на територија на целата држава го искоментира сведочењето на поранешниот шеф на УБК, Зоран Верушевски, кој на рочиштето за „Таргет-Тврдина“ рече дека по неговото апсење „бомбите“ биле „страотно модифицирани и компромитирани“. Како што рече Заев, тој е во комуникација со Верушевски и добил објаснување од него за оваа изјава.

Заев посочи дека Верушевски и понатаму е негов советник за национална безбедност.

-Во комункација сум со него, затоа реков дека на второто рочиште со очекуваните прашања ќе бидат појасни и неговите ставови. Мене ми е јасно, ми објасни, дел сум од тој период и апсолутно ми е јасно. Точно е дека материјалите се предадени на Верушевски како што велат Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, правно формално на СДСМ се предадени, но ги прима Верушевски. Јас сум тогаш претседател на СДСМ. Поради разочараноста дека некој го злоупотребил СЈО во случајот „Рекет“, дека се појавил Ел Чека, не знам што, тој го кажува делот со модицифираноста и компромитираноста на самите материјали. Да потенцирам ниту еден од обвинетите во предмети на СЈО не ја оспорува автентичноста на материјалите, дури и форензиката ја потврди автентичноста – рече Заев.

– Не е спорно дека снимените прислушкувани материјали кои се предадени во СЈО се автентични, бидејќи тоа го потврди и форензиката изјави премиерот Зоран Заев, прашан за тоа зошто неговиот прв советник Верушевски сега дава поинаков исказ за снимките.