Заев пак кажа што сакал да каже Верушевски

Премиерот, Зоран Заев, денеска повторно го коментираше сведочењето на поранешниот шеф на УБК, Зоран Верушевски, кој на рочиштето за „Таргет-Тврдина“ рече дека по неговото апсење „бомбите“ биле „страотно модифицирани и компромитирани“. Како што рече Заев, тој е во комуникација со Верушевски и добил објаснување од него за оваа изјава, пишува „Фокус“

„Во комункација сум со него, затоа реков дека на второто рочиште со очекуваните прашања ќе бидат појасни и неговите ставови. (…)

Поради разочараноста дека некој го злоупотребил СЈО во случајот „Рекет“, дека се појавил Ел Чека, не знам што, тој го кажува делот со модицифираноста и компромитираноста на самите материјали. Да потенцирам ниту еден од обвинетите во предмети на СЈО не ја оспорува автентичноста на материјалите, дури и форензиката ја потврди автентичноста“, рече премиерот.

Заев претходно ѝ порача на јавноста да почека и да го ислуша второто сведочење на Верушевски.