Залутан куршум погоди Ауди во Скопје

На 20.04.2019 година во 22.40 часот во СВР Скопје, А.И.(28) од Скопје пријавил дека во периодот од 21.00 до 22.40 часот на улицата „Јужноморавски бригади“ неговото патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од залутано зрно од огнено оружје. Се работи на расчистување на случајот.