За заканите од ИВЗ, Владата нема да го извести Јавното обвинителство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран заев денеска изјави дека зад заканите за итна денационализација стојат поединци од Исламската верска заедница и потенцираше дека ниту една верска заедница не е фаворизирана во процесот на враќање на имотите.

Заев кажа дека се правеле напори комисиите да ја забрзаат постапката но процесот на денационализација не зависел само од нивната работа.

Поглаварот на Исламската верска заедница не открива какви чекори ќе преземат и најави дека за случајот ќе проговори утре.

ИВЗ со писмо до Владата се пожали дека државата има двојни аршини во процесот на денационализација на имотот на верските заедници. Истакна дека во постапките се фаворзира МПЦ а добива и привилегии и е закани дека непосредно пред изборите, во над 700 џамии во земјава ќе ги извести верниците за односот на владата кон Исламската верска заедница.