Инцидент во Чаирчанка: Скопјанец претепан до смрт? (ФОТО)

Едно лице било претепано до смрт по расправија во ТЦ „Чаирчанка“, неофицијално дознава 24 Инфо.

Од МВР, пак тврдат дека не станува збор за убиство, но не даваат никакви информации за инцидентот.

Инцидентот се случил попладнево, а во расправијата учествувале неколку лица вооружени со пиштоли, но пукање немало, велат очевидци.

Неофицијално, жртвата починала на пат кон болница со возилото на Итната помош.

Полицијата во моментов врши увид на местото на инцидентот.