Камчев: Ок шефе, фала!

Присутните во судница имаа можност да го слушнат разговорот меѓу бизнисменот Орце Камчев и Миле Јанакиески околу ДУП и Уставниот суд, односно дали ќе има преставка за нив.

Присутните во судница имаа можност да го слушнат разговорот меѓу бизнисменот Орце Камчев и Миле Јанакиески околу ДУП и Уставниот суд, односно дали ќе има преставка за нив.

– Што стана со дуповите горе? А ќе одат на Уставен така? – бизнисменот Орце Камчев го прашува Миле Јанакиески за спорните дупови.

– Ништо, ги обори ама не ги објави во Службен весник. Шехтански им укажа да му достават во рок од три дена. Утре истекува рокот и ќе му даде налог да ги објави. Ако не ги објави, тогаш ги поништува. Ако ги објави, пак ќе ги поништи Уставен суд – му одговара Јанакиески.

После оваа „бомба” судечкиот судија најави дека судењето продолжува на 6 февруари.