Караџовски: Нема скандал во одлуките за додатоци на плата за членовите на Судскиот совет

Караџовски рече дека членовите на Судскиот совет се на исто рамниште со судиите и додаде дека додека е тој претседател неговите колеги во Советот нема да земаат додаток на плата доколку судиите не го земаат истиот додаток.

Првиот човек на Судскиот совет, Зоран Караџовски, рече дека минатогодишната одлука на Судскиот-буџетски совет за исплата на додатоци на плата за членовите на Советот до 35% воопшто не е скандалозна, туку законска, иако тој самиот гласал против, објави Макфакс.

Караџоски рече: „Ретроактивно дејство има како за судиите, така и за членовите на Судскиот совет. Ставот мој и законската регулатива за членовите на Судскиот совет и во претходниот состав и за новите членови е јасна и недвосмислена.  Според нас, тука нема никаков скандал затоа што законската основа стои во членот 2 од Законот за платите на членовите на Судскиот совет. Има соодветен правилник изготвен во 2016 и 2017 година  за платите на судиите. Значи ова право за надоместоци и додатоци го имаат членовите на Судскиот совет пред да го имаат судиите.