КАТИЦА ПРИВИЛЕГИРАНА: Без лисици ја спроведоа преку подрум во суд

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева беше спроведена на распит во кривичниот суд преку подрум без лисици на рацете, што е не стандардна процедура, бидејќи сите кои досега беа приведувани и притворани беа носени со лисици на очиглед на цела македонска јавност.

Откако беше покрената истрагата за случајот „Рекет“ до денеска поминаа повеќе од 30 дена со што ОЈО и остави на Катица Јанева доволно време „да си го среди дворот“.

Денеска се бара притвор од 30 дена заради: влијание врз сведоци, уништување докази или повторување на делото.

А што правела Катица Јанева во изминатите 30 и нешто денови откако беше отворена аферата „Рекет“ одговор ќе треба да даде ОЈО кое од денеска ја сомничи Катица Јанева за злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик со прибавување на имотна корист од неколку илјади евра (еден од осомничените во „Империја и купил мебел, кој прееска беше запленет од нејзината куќа во Козле).