Катица Јанева: Знам дека ме следат, тоа е многу приметно

Во вчерашното итервју за 1 ТВ Специјачната јавна обвинителка Катица Јанева истакна дека е свесна дека одредени лица ја следат.

-Јас знам дека ме следат, тоа е многу приметно. Но, тоа не ме оптеретува, имам обезбедување. А, што се однесува до прислушувањето мислам дека е многу намалено, бидејќи манипулации со ПИМ мерките не се можни, рече Јанева.

Јанева во интервјуто истакна дека сака бегалецот Никола груевски да се врати како затвореник и потенцираше дека тоа може да се случи многу брзо.