Комисијата за уставни прашања го усвои првиот нацрт-амандман

Овој амандман се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.

Со 10 гласа „за“ и 5 „против“, Комисијата за уставни прашања го усвои текстот на 33-от нацрт амандман. По ова, Џафери отвори расправа за следниот, односно 34. нацрт амандман кој се однесува на преамбулата за АСНОМ и внесувањето на Охридскиот договор во Уставот.

Овој амандман се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.